Почина Алан Џонс, шампионот во Формула 1 од 1980 година

Поранешниот австралиски Ф1 возач Алан Џонс почина на 81-годишна возраст, објави прес-службата на австралиското Гран при.
Во понеделникот (2 ноември), Џонс го одбележа својот 80. роденден.
- Со длабока тага ја објавуваме смртта на Алан Џонс и им изразуваме најдлабоко сочувство на неговото семејство, најблиските и пријателите. Како шампион во Формула 1 и еден од најголемите тркачки возачи во Австралија, Алан има посебно место во историјата на нашиот спорт. Неговата шампионска титула во 1980 година инспирираше генерација австралиски фанови, а неговата победа на австралиското Гран при истата година останува последен пат кога австралиски возач ја освои својата домашна Гран при, се вели во соопштението.
Џонс беше првиот возач на Вилијамс кој освои титула (1980) и останува последниот Австралиец кој ја освои шампионската титула во Формула 1. Оствари 12 победи на Гран при во текот на кариерата.
МИА
Ново на Сител
-

Надзорна расправа за работењето на Алта банка
-

Здравствените домови во Југоистокот добиваат нова опрема и амбулантни возила
-

Старите занаети изумираат
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Над 30 члена брои листата поканети говорници на надзорната комисија за Алта банка
