Почина гитаристот на „Дјуран дјуран“, Енди Тејлор

Поранешниот гитарист на легендарниот британски бенд „Дјуран Дјуран“, Енди Тејлор, почина на 66-годишна возраст по битката со ракот на простата. Тој ги минал последните моменти во својот дом, опкружен со најблиските, а веста за неговата смрт ја потврдила сопругата Трејси за магазинот „Варајети“.
Тејлор беше еден од музичарите заслужни за формирањето на карактеристичниот звук на бендот, особено во периодот на неговиот најголем успех во раните осумдесетти години, кога „Дјуран Дјуран“ се прослави ширум светот.
Во емотивното соопштение од семејството, неговата сопруга се потсети на Енди не само како на успешен музичар, туку пред сè како на човек посветен на своите најблиски.
Таа истакна дека, иако публиката го познавала како извонреден гитарист, за семејството тој бил љубовен сопруг, грижлив татко и дедо кој бил особено горд на своите внуци. Според неа, семејството секогаш било неговиот најголем приоритет.
Од музичарот се простија и неговите поранешни колеги од „Дјуран Дјуран“. Тие нагласија дека Тејлор бил дел од бендот уште од неговите почетоци и дека неговата енергија, самоувереност и музички талент оставиле траен белег врз звукот и историјата на групата.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува надзорната расправа за Алта банка
-

Премиерот Мицкоски денеска на самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел
-

Прва јавна расправа за новиот кривичен законик
-

Потпишана скопска декларација за поголемо учество на жените во енергетската дипломатија
-

Документарниот филм „Водениот рај на Европа“ отвара прашања колку знаеме за нашето богатство
-

Со доживотно учење до поголема конкурентност
-

Преглед на вестите од светот
