Почина Миња Субота
Познатиот композитор, пејач, ТВ-водител и забавувач Милан – „Миња“ Субота почина на 83-годишна возраст, објави денеска Српската радио-телевизија.
Роден е во Сараево на 8 ноември 1938 година. Основното училиште, гимназија и високото образование (Електротехнички фкултет) ги завршил во Белград. Како композитор, Миња потпиша бројни хитови на популарна поп-музика и шансони, а како пејач сними повеќе плочи во поранешна Југославија и поранешниот СССР.
Неговите композиции се изведувани и наградувани на многу фестивали, како што се Белградска пролет, Мелодија на Јадранот, Загрепскиот фестивал на поп-музика и други. Како телевизиски автор, има удел во многу серии што останаа запаметени, како што е „Од глава до петици“.
Тој е автор и водител и на емисијата „Мјузик слајд“, која се емитуваше 18 години и уриваше рекорди во однос на гледаноста на телевизијата.
Миња шест години беше и уредник и водител на Фестивалот за детски песни во Белград, со што поттикна основање и на други детски фестивали во поранешна Југославија.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Зимата ќе биде тешка - ќе сториме се за да нема големи поскапувања
-

Скопје слави 82 години од ослободувањето
-

Во месецот посветен на машкото здравје бесплатно тестирање на рак за простата во ЗД „Железничар“
-

Преглед на вестите од светот
-

Почнува дебатата за буџетот
-

Мицкоски: СДСМ работи на штета на Алта банка Битола
-

СДСМ: Савески да постапи за Алта банка
-

И во месец ноември Охрид има посетители
