Македонија
9. September 2018 - 17:34

Почна фестивалот „Ристо Шишков“

Започнаа деновите посветени на Ристо Шишков. Во наредните пет дена во Струмица ќе се слави актерот и актерската игра.  Стартот на 26 –то издание на фестивалот на камерен тетар го означи прилепскиот театар со претставата ,, Клетници,, во режија на Мартин Кочовски. До среда до кога трае фестивалот ќе бидат одиграни 10 претстави со околу 50 актерски остварувања. За најдобриот ќе одлучува меѓународно жири предводено од минатогодишниот победник Тања Бошковиќ според која награда залужуваат сите бидејќи во денешно време било подвиг да се направи уметничко дело.

,, Секој напор да се унапреди театарот треба да се награди. Би сакала секој фестивал да има толку награди колку што има учесници. Денеска е голем подвиг да се направи уметничко дело, тоа е контра на сето она што се случува во животот.,, вели ТАЊА БОШКОВИЌ – ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЖИРИ КОМИСИЈА

Градоначалникот на Струмица Коста Јаневски очекува дека и ова идание на фестивалот ќе потврди своето реноме како една од најзначаните манифестации.

,,  Се надевам дека фестивалот и годинава како и во своите претходни 25 изданија ќе го потврди своето реноме како една од најрепрезентативните меѓународни културни манифестации во нашиот град благодарение на кои Струмица беше и останува еден од највлијателните културни центри во Македонија.,, рече КОСТА  ЈАНЕВСКИ – ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

Освен официјалната програма 26 - от фестивал на камерен театар нуди и богата офф програма со неколку промоции на книги и средба на поети.