Македонија
1. September 2023 - 16:33

Почна кампања против употреба на дрога во училиштата

Со самиот почеток на учебната година и Министерството за внатрешни работи ја започна новата кампања под мотото “Kажи не на дрогата, да на животот” кај учениците. Кампањата има за цел да им укаже на учениците кои се негативните последици од користење на дроги, преку посети на полициски службеници од неколку оддели при МВР низ сите училишта во земјава.

Преку дирекна комуникација, но и видео материјали ќе им биде претставено на учениците кои се здравствените и криминални последици со кои може да се здобијат ако тргат по овој пат.

И министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска на самиот почеток на кампањата ја посети скопската гимназија Јосип Броз Тито, и при почетокот на првиот училишен час во разговор со учениците им ги објасни последиците, но и како да се спротистават кон посегнување кон нелегалните супстанци.

Миистерот го придружуваа и граноначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски и директорката на гимназијата кои се приклучија на кампањата за превенција на конзумирање дроги кај младите лица.

Но покрај превенцијата, од МВР велат дека постојано работат и на запленување на дрога, а во првото полугодие на годинава полицијата запленила 286 килограми марихуана, 3кг кокаин, 7кг амфетамин и над 3500 парчиња на синтетичка дрога.