Почна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски учесник на значајни активности и состаноци

Министерот за одбрана Владо Мисајловски вчера во Анкара, Република Турција учествуваше на повеќе активности и состаноци организирани во рамки на Самитот на Алијансата, меѓу кои и приемот за министри за одбрана, организиран од турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер, Индустрискиот форум како и церемонијата за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон Мултинационалната соработка за воспоставување на НАТО обука за летање во Европа (NATO Flight Training Europe), информираат од МО.
За време на Самитот министерот Владо Мисајловски учествувал на Форумот за одбранбена индустрија во чиј фокус биле иновациите и развојот на одбранбената индустрија кои се клучен елемент за колективната безбедност, како и воспоставувањето на соработка за заеднички набавки за опремување на одбранбените сили.
На форумот на кој присуствувале високи претставници од сојузничките и партнерските земји и претставници од воената индустрија била испратена пораката дека нема силна одбрана без силна одбранбена индустрија.
Учеството на овој форум, како што велат од МО, е исклучително важно имајќи ја предвид намерата на македонската Влада за поддршка на развојот на домашните компании во областа на наменската, воена индустрија.
-На првиот работен ден, се одржа и церемонија за прием на три сојузнички земји – Франција, Финска и Шведска кон Мултинационалната соработка за воспоставување на НАТО обука за летање во Европа (NFTE – NATO Flight Training Europe) – стратешки значајна иницијатива за воспоставување интегриран систем за летачка обука во Европа. Преку NTFE се создава ефикасен, координиран и стандардизиран долгорочен систем за обука на пилоти, техничари и воздухопловен персонал согласно НАТО стандардите и потребите. Нашата земја е дел од основачите на оваа иницијатива, појаснуваат од Министерството за одбрана.
Во текот на вчерашниот ден Мисајловски учествувал на приемот за министри за одбрана, организиран од турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер каде имал обраќање пред присутните.
Тој во оваа прилика ја истакнал одличната соработка која ја имаат нашите две земји, дека се пример за градење одлични билатерални односи и му упатил честитки на министерот Ѓулер за новиот објект на Министерството за национална одбрана на Република Турција.
Активностите продолжиле во претседателскиот комплекс во Анкара каде Мисајловски учествувал на состанокот на Северноатлантскиот совет во формат на министри за одбрана на кој учествувале и министрите за одбрана на земјите партнери од Индо-пацифичкиот регион.
-За време на овој настан со своите колеги министерот Мисајловски информираше за инвестициите од македонскиот буџет во развојот на одбраната на земјата и процесот на модернизација на Армијата, со што се јакне борбената готовност на македонската Армија, а се зацврстува и колективната безбедност на НАТО. Тој додаде дека издвојувањата кои македонската влада ги прави во поглед на одбраната, а кои ги вклучува и инвестициите поврзани со одбраната и заштитата на националната безбедност, како што е заштитата на критичната инфраструктура и изградбата на двата суштински коридори надминуваат 4% од предвидените 5% кои е потребно да се достигнат во наредните 10 години. Мисајловски нагласи дека со сите досегашни договори и поддршка која ја добива македонската армија од сојузниците и партнерите меѓу кои и преку Европскиот мировен фонд дополнително се влијае на зајакнување на капацитетите при извршување на задачите во мировните мисии и операции, информираат од МО.
Во тој контекст министерот Мисајловски нагласил дека од особено значење е двете мисии на ЕУ мисијата во Босна и Херцеговина АЛТЕА и НАТО мисијата КФОР да продолжат и да бидат гарант за стабилноста на овој регион.
МИА
Ново на Сител
-

Мексикански државјанин застрелан во САД по наводен напад врз агент на ICE
-

Уапсен 33-годишник од Кисела Вода, при претрес на домот пронајдена дрога
-

Цените на нафтата скокнаа по американските напади врз Иран
-

Николоски: Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линија Драчево - Илинден
-

Руте: Новите американски напади врз Иран беа апсолутно неопходни
-

Почна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски учесник на значајни активности и состаноци
-

Кос во Скопје: Нема гаранции за Македонија, како и за секоја друга земја-кандидат за ЕУ
-

САД извршија нови воздушни напади врз Иран, Техеран возврати со напади врз Кувајт и Бахреин
