Македонија
12. July 2021 - 16:45
Почна теренската вакцинација во струмичкиот регион
Теренската вакцинација предизвика голем интерес кај граѓаните во струмичко. Само за неколку часа во првите две села прва доза примија преку стотина лица. Граѓаните ја поздравија акцијата. Задоволни се што имаат можност да дојдат до вакцина, а притоа да не мора да патуваат надвор од нивните населени места.
Задоволни од интересот и медицинските тимови кои работат на терен. Велат посебно радува што интерес за вакцина покажале граѓани од сите возрасти.
Теренската вакцинација во струмичкиот регион ќе трае до 31 август. До тогаш медицинските тимови на Здравствен дом Струмица треба да посетат вкупно 58 населени места од општините Струмица, Босилово, Василево и Ново Село.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->