Почна вакцинацијата против сезонски грип – има уште 30.000 слободни термини
Почна вакцинацијата против сезонски грип. Годинава државата обезбеди 60.000 бесплатни вакцини за ризичните групи, а Центрите за јавно здравје располагаат со дополнителни количини за комерцијална употреба.
Директорот на скопскиот Центар за јавно здравје вели дека вакцинацијата е почната навреме.
- Ова е најдобриот период, крајот на октомври - почетокот на ноември, почнуваме точно на време. Во зимскиот период се очекува поголем број заболени, ние сме точно на време затоа што треба две до четири недели да реагира вакцината, односно да се разбуди имуниот одговор за организмот да биде заштитен, истакна д-р Бесим Зеќири, директор на Центар за Јавно здравје.
Досега преку “Мој термин” пријавени се околу 30.000 граѓани, а има уште толку бесплатни вакцини од холандски производител. Доколку некој е спречен да дојде на закажаниот термин, вакцината може да ја прими и во некој од наредните 7 дена.
- Светската здравствена организација некаде околу февруари препорача четиривалентна вакцина против грип и таа е и обезбедена, изјави проф. д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.
Според прогнозите сезонава се очекува да доминира грип од типот А.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар