Македонија
30. јуни 2021 - 16:39

Почна вакцинацијата со кинески ,,Синовак‘‘ во пунктот во Струмица

Во Струмица започна вакцинацијата со кинеската Синовак. Пристигнати се 3000 дози од кои околу 600 веќе се аплицирани. Интерес од страна на граѓаните има, а со новите количини темпото на имунизација во регионот треба да добие на интензитет. Од пунктот за вакцинација велат дека веќе работат во две смени вклучувајќи ја и сабота,  а дневната динамика на имунизација во зависност од денот се движи од 600 до 800  граѓани. Најавуваат дека до крајот на идната недела сите кои до сега се пријавиле во системот ќе добијат и термин.

,,Сите оние што имаат апликација на вакцинација.мк до сега ќе добијат термин до трети јули, сабота или наредна недела. Значи до сега сите што се пријавени завршно со петок, сабота наредната недела ќе бидат извакцинирани, рече Д-р Дејана Масинова - началник на вакцинација и патронажа.

Освен со Синовак во моментов во Струмица се аплицира прва доза и на  Фајзер и Астра Зенека како и ре вакцина со Синофарм.  Во изминатите три месеци колку што трае имунизацијата пристигнале 22 646 вакцини, од кои 17 320 веќе се аплицирани.