Почнува изградбата на канализациска мрежа во струмичко
Со 1,4 милиони евра започнува изградбата на фекална и атмосферска канализациона мрежа во струмичкото село Градско Балдовци. Средствата се обезбедени преку министерството за транспорт и врски, а реализацијата на проектот ќе значи конечно решавање и на септичките јами, но и проблемот со поплавите во ова населено место.
Согласно проектот предвидена е изградба на фекална канализациона мрежа од скоро 7 километри, додека должината на атмосферска канализациона мрежа и одводните канали ќе изнесува 2,4 километри.
Селото Градско Балдовци има околу 250 домаќинства. Нивните отпадни води заедно со тие од производствените погони преку 5 главни колектори ќе завршуваат во пречистителната станица, а атмосферските преку 8 колектори ќе се спроведуваат до река Тркања.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар