Поднесено обвинение против градоначалникот на Будимпешта бидејќи дозволил одржување на Парада на гордоста

Унгарските обвинители поднесоа обвинение против либералниот градоначалник на Будимпешта, Гергељ Карачоњ, поради неговата улога во организирањето на собир за правата на ЛГБТК+ заедницата, барајќи изрекување парична казна без одржување судење, соопшти денеска Обвинителството.
Десетици илјади луѓе маршираа низ Будимпешта минатиот јуни, и покрај полициската забрана, со што Парадата на гордоста прерасна во една од најголемите антивладини демонстрации во последните неколку години против Владата на премиерот Виктор Орбан.
Обвинителството наведува дека Карачоњ го прекршил законот со организирање и водење на забранет јавен собир.
„Окружното Обвинителство предложи Судот да изрече парична казна против обвинетиот преку казнен налог, без одржување судење“, се наведува во соопштението.
Карачоњ се обиде да ја заобиколи забраната така што Парадата на гордоста ја регистрираше како општински настан, за кој, според него, не била потребна дозвола. Сепак, полицијата го забрани настанот, наведувајќи дека тој потпаѓа под законот за заштита на децата. Поворката помина мирно.
„Од горд осомничен станав горд обвинет. Очигледно, тоа е цената што мора да се плати во оваа земја кога се залагаме за сопствената слобода и слободата на другите“, напиша Карачоњ на својата официјална Фејсбук-страница.
Во последната деценија, Владата на Орбан редовно ги ограничува правата на ЛГБТК+ заедницата, а Парламентот во март 2025 година донесе закон со кој се овозможува забрана на Парадите на гордоста, со образложение за заштита на децата.
Критичарите оценуваат дека овој потег е дел од поширок притисок врз демократските слободи во пресрет на изборите закажани за 12 април, на кои Орбан се соочува со најсериозниот предизвик во последните 16 години, пишува Хина.
Повеќето анкети покажуваат дека десноцентристичката партија Тиса има предност од девет до 12 поени пред владејачката Фидес.
МИА
Ново на Сител
-

МВР нема регистрирано инциденти
-

100 евра казна на лице место ако ве фатат со цигара каде е забрането
-

Се нормализира состојбата во западна Македонија по обилните врнежи од дожд
-

Штипските пекари ги „замрзнаа“ цените на лебот и пецивата
-

Иран предупреди: Американската војска и Израел ќе бидат легитимни цели ако САД нападне поради протестите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воен аналитичар
-

Утре се избираат градоначалници во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа
