Поднесено обвинение за убиство при семејно насилство во Кавадарци
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднело Обвинителен акт против едно лице за кривично дело убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопштија дека обвинетиот 43-годишник, во прецизно неутврден момент меѓу 20.01.2025 и 22.01.2025 година, при вршење семејно насилство ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка.
- Делото го извршил во станот во кој престојувала оштетената на улицата „Ѓуро Салај“ во Кавадарци. Обдукцијата покажа дека тој свесен за своето дело, насилно и ги затворил носот и устата, предизвикувајќи задушување, се појаснува во соопштението.
Јавниот обвинител до Судот доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Ново на Сител
-
Жена обвинета откако мало дете е пронајдено во куфер во Нов Зеланд
-
Сообраќајка на магистралниот пат Гостивар - Кичево, учествувале еден мотоцикл и три автомобили
-
Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите
-
Отстранети 74 непрописно паркирани возила во Центар за седум дена
-
ЦУК: Активни два пожари, под контрола еден, еден изгаснат
-
Поради лошата традиција со пукање на свадби и прослави, од залутни куршуми за месец дена оштетени пет автомобили
-
На Ќафасан се чека околу 40, а на Табановце и Богородица околу 30 минути
-
Поскапуваат бензините, поевтинуваат дизелот и Екстра лесното масло