Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
Граѓаните и понатаму ќе мора да ги носат пластичните лични карти и возачки дозволи, иако документите веќе се достапни и во електронска форма преку новата мобилна апликација „м.Услуги“.
Дигиталните документи засега нема да бидат прифатени при полициско легитимирање, бидејќи за нивно официјално признавање се неопходни измени во законската регулатива.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, за сдк.мк потврдил дека при полициска контрола граѓаните ќе мора да покажат физичка лична карта или возачка дозвола. Тој посочил дека веќе се работи на потребните измени на законите и правилниците, но додека тие не стапат во сила, пластичните документи остануваат задолжителни при легитимирање.
Новата апликација „м.Услуги“, која вчера беше официјално претставена, овозможува пристап до дигитални документи, јавни услуги и известувања од институциите.
Нејзиното користење е бесплатно и доброволно, а во иднина се планира проширување на функционалностите, вклучително и можност за електронски плаќања.
Ново на Сител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Тема на денот со Соња Трифуновска, заменик народен правобранител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Обвинителите избираат нов шеф за организиран криминал и корупција
-

Граѓаните ќе можат да вадат документи преку телефон - промовирана е новата апликација М.услуги
-

Студентите бараат 200 денари за оброк
-

Ќе се пресметуваат ли платите по час? Договор би требало да има до март
-

Подобра инфраструктура и решение за превозниците бараат германските компании кои работат кај нас
