Полициски службеник од Гостивар фингирајќи кражба одзел предмети претходно запленети при претрес
Кривична пријава е поднесена против полициски службеник кој работел како самостоен криминалистички техничар во Одделението за внатрешни работи во Гостивар. Тој се сомничи дека сторил две кривични дела „проневера во службата“ и „лажно пријавување на кривично дело“.
Полицискиот службеник со иницијали Д.С. од јануари до април годинава со намера да се стекне со значителна имотна корист присвоил 25.000 евра и златен накин кои му биле доверени во службата, а кои преходно биле одземени од лице при извршен претрес.
- Одземените предмети биле оставени на чување во службен метален ормар во ПС ОН Гостивар. Парите и златниот накит ги присвоил така што незабележан од никого прво ги изнел парите од службените простории, а потоа во неколку наврати го изнел и златниот накит, кој го продал во златарница во Гостивар. Пријавениот со цел да ги прикрие своите противправни дејствија, во просториите на ПС ОН Гостивар фингирал дека било извршено кривично дело тешка кражба на металниот ормар, во кој биле оставени одземените предмети, на начин што ја искршил бравата од ормарот и ги отстранил шипките од бравата, а една од хартиените вреќи во кои биле обезбедени предметите ја искинал, додека другата ја фрлил во контејнер, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.
Пријавениот е задржан во полициска станица и ќе биде изнесен пред суд. Против него ќе биде поднесен и предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе се бара суспендирање од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
Ново на Сител
-
Дел од занаетите стануваат дефицитарни
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени двајца тинејџери кои извршиле обљуба врз две малолетни девојчиња
-
Teма на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Силен пожар беснее во кочанско Вранинци – Се бара хеликоптерска поддршка
-
Учениците од следната година ќе учат програмирање и употреба на алатки базирани на вештачка интелигенција
-
Фискалниот совет со порака – Внимателно со најавените задолжувања
-
Преглед на вестите од светот