Политичка кавга во Унгарија околу ценовниот плафон на горивата

Унгарската опозициска партија „Фидес“ ја оцени како „сериозна грешка“ намерата на Владата на премиерот Петер Маѓар постепено да ги укине регулираните цени на горивата.
Параментарната група на „Фидес“ преку соопштение посочува дека во услови на меѓународна несигурност нема гаранции дека цените на нафтата повторно нема нагло да пораснат, поради што сметаат дека постојниот ценовен плафон треба да остане во сила.
Од „Фидес“ ја обвинија Владата дека го прекршува предизборното ветување за намалување на цените на горивата. Според нив, партијата „Тиса“ ветила дека цената на бензинот ќе биде намалена на 480 форинти за литар и дека ќе се намали акцизата на горивата.
Премиерот Петер Маѓар претходно изјави дека Владата ќе предложи постепено укинување на ценовната контрола, со образложение дека цените на горивата на бензинските пумпи веќе можат да бидат за 10 до 15 форинти по литар пониски од утврдениот максимум.
Ценовниот лимит беше воведен во март од претходната влада на „Фидес“ предводена од поранешниот премиер Виктор Орбан. Со него максималната цена на горивата беше утврдена на 595 форинти за литар бензин и 615 форинти за дизел за возила регистрирани во Унгарија.
МИА
Ново на Сител
-

Охридскиот аеродром постави нов рекорд-раст на патничкиот сообраќај од 41% во јули
-

Рекорден број прекршоци во јули: Над 20 илјади казни, 496 лица приведени и одземени 332 возила
-

Дневно над 200 повици во Итна помош поради топлото време
-

Ангелов и Јанчев ќе информираат за состојбата со пожарите во Кавадаречко
-

Двајца малолетници и скопјанец осомничени за крвничкото тепање во Гостивар
-

Седница на Главниот штаб за кризи посветена на состојбата со водата во Гостивар
-

Трамп: Ова е последна шанса иранскиот режим да потпише добар документ
-

Притвор за кратовчанката од Куклица: Наплаќала влез, нападнала полицајци и туристи
