Полска ракета веројатно погодила куќа во источна Полска за време на упадот на руски дронови, вели полскиот министер за одбрана
Дел од ракета испукана од полски воен авион за соборување руски дрон веројатно погодила куќа во источна Полска претходно овој месец, изјави синоќа полскиот министер за внатрешни работи Томаш Шимонијак.
Полските власти првично изјавија дека куќа во селото Вирики-Вола веројатно била погодена од еден од 21 руски дрон што влегле во полскиот воздушен простор ноќта меѓу 9 и 10 септември.
Полскиот весник „Жечпосполита“ првпат објави дека куќата била погодена од ракета испукана од полски борбен авион Ф-16 чиј систем за наведување не функционирал.
- Сè укажува дека ракетата е испукана од нашиот авион, бранејќи ја Полска, бранејќи ја татковината, бранејќи ги нашите граѓани, изјави Шимонијак за ТВН 24 синоќа.
Полскиот претседател Карол Навроцки, политички ривал на центристичката влада на премиерот Доналд Туск, изјави дека ќе побара истрага за инцидентот.
Туск одговори на „Х“ дека Русија, за која рече дека е одговорна за организирање на провокацијата со дронови, сноси целосна одговорност за штетата во Вирики Вола.
Русија соопшти дека нејзините сили извршувале напад врз Украина кога дроновите влегле во Полска и нагласи дека немале намера да погодат цели во земјата-членка на НАТО.
Постојаниот претставник на Москва во Обединетите нации, Василиј Небензја, рече дека максималниот дострел на употребените дронови не надминува 700 километри, што „физички им оневозможува да стигнат до полска територија“.
МИА
Ново на Сител
-
Пресудата за онкологот Мери Пешевска на 22 септември
-
Заштеда до 2.000 денари по ученик од мерката „Училишна кошничка“
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Скопска Црна Гора, сомнежите се дека е подметнат
-
Оспореното упатство на ДИК за независните кандидатури пред Уставен
-
Во понеделник пресуда за онкологот Мери Пешевска која призна вина за несовесно лекување пациенти
-
СДСМ бара оставка од министерката за образование поради недостатокот на учебници
-
Ноќеска тишина го обви Штип - „Ѕвездено небо“ за загинатите во Кочани