Македонија
22. јуни 2020 - 19:32

Помалку тестирања, помалку новозарaзени. Девет лица починаа за 24 часа

90 новозаразени, 9 –мина починати и 48 оздравени. Ова е билансот со коронавирусот измиминатото деноноќие во Македонија. Починатите се од Скопје, Тетово, Охрид и Гостивар на возраст од 57 до 90 години.

После 2 недели имаме двоцифрена бројка инфицирани за 24 часа. Од направени 665 тестирања, 13,5 проценти се позитивни на вирусот. Најмногу нови случаи 36 има во главниот град, Охрид 13, Штип 8, Ресен -6.

Во моментот во земјава има 2975 активни случаи, од нив 379 се хоспитализирани. На Инфективна  и во ГОБ 8 септември примени се 25 нови пациенти. 11 лица се згрижени во монтажната болница, а еден возрасен пациент има и во болницата во Козле.

Со донација од Јапонија заболените ќе се третираат со нова антивирусна терапија.

Иако во Скопје има 1721 активен случај, Филипче со резрва рече дека бројот на нозозаразени во главниот град опаѓа.

Денеска на Комисијата за заразни болести се разговарало и за поминувањето на границите, дали и во иднина ќе се бара тест и задолжителна самоизолација. Се уште нема конкретна препорака, но не се исклучува можноста за реципроцитет, односно ако некоја земја бара тест истото да го правиме и ние или обратно да се патува слободно без никакви мерки.

-Целиот регион околу нашата држава е со ист епидемиолошки ризик и оти во текот на денешниот ден ќе се прават консултации и со министерствата за здравство на околните земји, рече Филипче.

Комисијата препорачала неделава да се отворат и казината, автомат клубовите како и теретаните и фитнес центрите но да работат под протоколи, но според Филипче рано е за отворање на градинките.