Поплавени земјоделски површини и дворови во селата Муртино и Сачево, состојбата со водотеците во струмичко се стабилизира

Обилните врнежи во струмичко засега не предизвикуваат поголеми проблеми, а единствено е забележано поплавување на дел од земјоделски површини и неколку дворови во селата Муртино и Сачево, информираа утрово од Регионалниот Центар за управување со кризи во Струмица.
Според информацијата оттаму, нивото на водите во реките се стабилизира, посебно на реката Тркања кој вчера преливаше пред влезот во Струмица, а екипи на ЈП „Плаваја“ од Радовиш работат на мостот на истоимената река меѓу селата Јаргулица и Покрајчево каде се регулира одвивањето на сообраќајот.
Во Валандово е излеана Калковска река преку регионалниот пат Валандово-Удово, но со интервенција на механизацијата се санира излевањето.
-Ангажирана е механизација на комуналните претпријатија за санирање на критичните места, а таму каде е потребно се поставува и песок, информираа од Регионалниот ЦУК во Струмица.
Синоќа градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, информираше преку својот фејсбук профил дека ги посетил критичните места во селото Муртино, а од вчера механизацијата на ЈПКД „Комуналец“ е на терен, а ангажирана е дополнителна механизација од приватниот сектор. Тој информираше дека вчера околу 17 часот состојбата е стабилизирана, а во текот на ноќта екипи останале на терен за следење на состојбата.
Според градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, во текот на вчерашниот ден и синоќа постоела опасност од излевање на реката Водочница кај Моноспитовскиот мост, но со брза реакција било спречено поплавување на селото Моноспитово.
Инаку, според утринските мерења на УХМР досега во Струмица наврнале околу 20 литри дожд на еден метар квадратен.
МИА
Ново на Сител
-

Новоизбраниот народен правобранител Фатон Селами даде свечена изјава
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-Транс
-

Камионџиите утре ќе ги блокираат граничните премини поради новите правила за влез во ЕУ
-

Или промени или распад - Членството на СДСМ со порака до раководството
-

Тошковски: Паралелно со „Сејф Сити“, ќе има и полициски возила со мобилни камери на „црните точки“ на патиштата
-

АХВ: Спроведени 125 илјади контроли, изречени казни од над половина милион евра
-

Ориз на годинашната реколта стои по амбарите
