Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да се евакуираат

Јапонската метеоролошка агенција издаде денеска посебно предупредување за обилни дождови за некои области во префектурата Фукуи, во централниот дел од земјата, а околу 111.000 луѓе во пет општини се повикани да се евакуираат поради поплавите.
Околу 244.000 луѓе се предупредени да преземат итни безбедносни мерки поради лизгање на земјиштето и возила заглавени на поплавените патишта.
За градовите Фукуи, Оно и Кацујама е издадено предупредување од ниво 5, што е највисоко ниво на предупредување за обилни дождови кое укажува дека е веројатно да се случи катастрофа или таа е неизбежна, но подоцна е намалено на ниво 4, кое и натаму подразбира дека неопходна е евакуација на населението.
Во последните 24 часа до изутринава, во Кацујама, Сакаи и Фукуи има рекордни врнежи од дожд од над 300 милиметри. Министерството за земјиште, инфраструктура, транспорт и туризам најави дека размислува за испуштање вода од браната Сакаи за да се обезбеди повеќе простор бидејќи се зголемува нивото на водата
Ново на Сител
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
