Поранешен фудбалер и екс соработник на Груби, се во бегство по нападот во М-НАВ
Поранешен фудбалер е еден од 4та кои се во бегство по упадот во М-НАВ. 36 годишниот напаѓач кој играл претежно за национални фудбалски клубови неофицијално учествувал и во нападот на вработените во навигација. Сали пред две бил осуден на една година затвор за тешки дела против општа сигурност, но Апелација истата година во ноември ја преиначиле пресудата во условна казна доколку не го повтори делото во наредните три години. Тогаш, фудбалерот и неговиот брат биле дел од групата кои пукале во деловен објект. Меѓу лицата по кои се трага според медиумите е и Омер Буњаку, поранешен лидер на навивачката група Шверцери и екс директор на ФК Шкупи. Тој беше и советник во Кабинетот на првиот вицепремиер Артан Груби, како негов пријател кој учествувал и во тепачките на Кале во 2011та.
За другите двајца кои се во бегство не се откриваат детали иако целиот напад е снимен и од видео надзорот на М-НАВ.
За нив се уште не е распишана потерница. Од обвинителството велат полицијата треба да ги преземе сите мерки на национално ниво за пронаоѓање на лицата.
Доколку не бидат пронајдени, според меѓународните конвенции за екстрадиција најпрво судија на претходна постапка треба да определи мерка притвор во отсуство за лицата кои не се достапни на органите на прогонот, по што обвинителството може да побара да биде распишана меѓународна потерница.
Од МВР не откриваат детали за случајот, велат по лицата се уште трага на територија на Македонија.
На четворицата осомничени за инцидентот, меѓу кои е и координаторот на ДУИ во Чаир, Беким Незири, определена им е забрана за напуштање на Скопје, обврска да се јавуваат во судот, им се одземаат пасошите и им се забранува да комуницираат со тепаниот и меѓу себе. По ваквата одлука на Кривичен, Обвинителство поднесе жалба за која од утре се очекува да биде закажано рочиште на кое Кривичниот совет може да ја потврди или да ја преиначи одлуката. Од кривичен велат дека овие мерки биле определени бидејќи од обвинителството не им биле доставени доволно докази за притвор.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
