Поранешен претседател на украинскиот парламент убиен во Лавов
Андриј Парубиј, поранешен претседател на Врховната рада – украинскиот парламент, и една од клучните личности во револуцијата Евромајдан, денеска беше убиен во Лавов, јави Kyiv Independent.
Националната полиција соопшти дека политичар бил застрелан во западниот украински град, а пратеничката Ирина Херашченко од партијата Европска солидарност потврди дека жртвата е токму Парубиј.
Веста ја потврди и претседателот Володимир Зеленски. „Министерот за внатрешни работи Игор Клименко и главниот државен обвинител Руслав Кравченко токму ме информираа за првите познати околности од страшното убиство во Лавов. Андриј Парубиј е мртов. Сите потребни ресурси се вклучени во истрагата и потрагата по убиецот“, изјави Зеленски.
Според официјалните информации, повик за итна интервенција бил примен околу пладне, по пукање во јужниот дел на градот, во округот Франкивски. Парубиј починал на самото место.
Засега властите не откриваат детали за можни осомничени или за мотивот на злосторството.
Ново на Сител
-
РСЕ: Унгарија и Словачка вршат притисок врз Брисел за списокот на санкции против Русија
-
За осум месеци 138 жртви по патиштата во Албанија
-
Сиљановска Давкова: Уставните судови не се под јурисдикција на соседни политичари
-
„Лидл“ гради објект и во Аеродром, најавено ново поглавје во малопродажбата
-
Филипче бара итно декласифицирање на документите за следење на комуникациите на новинари и политичари
-
Приведени двајца турски државјани на ГП Деве Баир, приложиле фалсификувани зелени карти за возилата
-
Приведени три лица од тетовско барани по потерници за издржување затворски казни
-
Изминатитe два дена 1103 сooбрaќaјни прекршoци