Поранешниот олимпиец и професор по физичко, Ване Стојанов изведува интернет настава
Поранешниот македонски атлетичар, државен шампион, носител на многу домашни и меѓународни титули и учесник на три олимпијади, Ване Стојанов подготви онлајн час по физичко. Стојанов, кој во моментов работи како професор по физичко воспитување и кондиционен тренер во фудбалскиот клуб Беласица ги искористи современите средства за комуникација за да им овозможи на неговите ученици, но и на сите граѓани и во ваква состојба да бидат физички активни и да тренираат.
Вежбите се работени врз основа на програмата што децата ја имаат во редовната настава по физичко.
Професорот Стојанов предава на прво одделение, но вели дека вежбите слободно може да ги применуваат сите. Според него, во вежбањето може да се вклучат и родителите, а со тоа не само што ќе ги мотивираат нивните деца туку и тие во период кога се препорачува седење дома ќе бидат физички активни.
Професорот Стојанов апелира до сите да останат дома и да ги искористат онлајн училниците да научат нешто ново, но и да бидат физички активни. Внимавајќи на здравјето на сите кои ќе ги следат овие часови уште на самиот почеток тој дава препораки до родителите и учениците дека пред вежбањето сите треба да бидат во добра здравствена состојба. Пред да започнат со примена на вежбите задолжително да го консултираат матичниот лекар
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
