Поскапуваат бензините

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 е 74,5 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС - 98 76,5, додека ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и понатаму ќе се продава за 71, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 70 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,022 денари по килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,542 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,977 отсто, кај дизелот за 0,464, кај екстра лесното масло за 0,37 и кај мазутот за 3,965 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1035 отсто.
Ново на Сител
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте
-

Русија ги обвини САД и Израел дека се обидуваат да го сменат режимот во Иран, саботирајќи ги дипломатските напори
-

Хегсет: Нападот врз Иран не е за промена на режимот туку да се уништи заканата
-

Сиљановска-Давкова: Жените веќе не се исклучок во технолошките процеси, туку се нивни креаторки
-

МНРиНТ апелира македонските државјани да се воздржат од непотрбни патувања на Блискиот Исток
-

Царинската управа: Во февруари наплатени приходи од 10,8 милијарди денари, раст од 7,7 проценти во однос на лани
-

Во февруари 19.066 сообраќајни прекршоци регистрирани со „Безбеден град“
-

Родилка почина по царски рез на Клиника за гинекологија и акушерство
