Поскапуваат бензините

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 е 74,5 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС - 98 76,5, додека ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и понатаму ќе се продава за 71, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 70 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,022 денари по килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,542 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,977 отсто, кај дизелот за 0,464, кај екстра лесното масло за 0,37 и кај мазутот за 3,965 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1035 отсто.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ива и татко и ќе одговараат кога тогаш
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

Нова инвестиција во Битола - нови 2.000 работни места
-

Муцунски: Отпорност не значи изолација
-

Јаневска: Инвестираме во лицата со попреченост
-

Преглед на вестите од светот
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
