-->
-->
Последен поздрав за Владо Јаневски вечерва пред арената „Борис Трајковски"
-->

Граѓаните, уметниците, колегите и семејството вечерва во 20 часот пред платото кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе му оддадат последна почит на еден од најзначајните македонски пејачи, композитори и текстописци , Владо Јаневски.
Настанот е во организација на продукцијата „Прагма“, која ги повика сите што ја сакаат музиката на Јаневски да бидат дел од вечерта исполнета со спомени и емоции.
„Да го испратиме со песна, тишина и љубов. Неговите мелодии ќе останат да живеат, бидејќи големите уметници никогаш не исчезнуваат“, порачаа организаторите.
Тој почина на 65 годишна возраст, а погребот ќе биде во среда на градските гробишта Бутел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
-

Седум пожари на отворено, најкритично кај Велес
