Повеќе пријавени од бројот на набавени вакцините за заштита од сезонски грип
Без овој прашалник од лекарот и дискусија за моменталната здравствена состојба нема примање на вакцина против сезонски грип. Низ пунктовите за имунизација досега поминале околу 18 000 граѓани, односно потрошени се половина од дозите што ги набави МЗ кои се бесплатни и препорачани за ризичните групи.
-Хроничен болесник сум, редовно ја примам и кога ја примам подобро се чуствувам, имунитетот ми е подобрен
-Често се преладувам и затоа решив да примам вакцина.., велат граѓани.
Сите со закажан термин чекаат да добијат од четиривалентната вакцина, која е иста како и ланската година. Застој и проблеми нема, велат медицинските лица.
-Доаѓаат повеќе повозрасни кои имаат по неколку хронични заболувања. Има и помлади ама и тие имаат хронични болести и се поретки од постарите, вели др. Фиданка Арсова од пункт за вакцинација – Бит Пазар.
Вакцинацијата почна пред една недела а досега на сајтот се пријавени 45 171 грашани, односно 5000 повеќе од достапните вакцини.
Инаку грипот веќе почна и за две недели има 50тина заболени и пријавени во Институтот за јавно здравје.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
