Повеќе жалби отколку обвинители откри извештајот на Советот
Секој обвинител во земјава добива забелешка за својата работа. Ова го покажува извештајот на Советот на јавни обвинители за 2020 кој денеска беше презентиран во Собранието. Според документот, за вкупно 189 обвинители, пристигнале двесте поплаки, но од Советот велат, немале надлежност да превземаат санкции.
Според опозицијата, недозволиво било Советот да нема информации за постапките кои се воделе против обвинителите. Без нив, велат, извештајот е само статистика.
Извештајот на Советот, власта го смета за јасен и прецизен.. Ги содржел сите податоци за надлежностите кои ги извршувал.
Според извештајот, најголем дел од преставките за работата на обвинителите пристигнале од граѓани. Документот покажува и зголемување на бројот на поплаки од 2019та кога имало 170, а веќе следната година, нивниот број се искачил на 200.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
