-->
-->
Повикана Брза помош, на еден од обвинетите за трагедијата во Кочани не му било добро
-->

Со изведување докази на обвинителите, денеска продолжи судењето за пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.
На судењето обвинителите приложија докази – видео снимки и фотографии поврзани со објектот – клубот „Пулс“ од критичната вечер, па и низ годините во минатото кога работел.
-Ќе може да видите дека постојат околности што се однесуваат на безбедносно значајни аспекти за работењето на овој клуб, правно лигитимиран како кабаре – беше кажано на денешното судење.
Во судницата беше соопштено дека е повикана Брза помош, затоа што на еден од обвинетите не му било добро, по што е дадена пауза.
Судењето го води судијката Дијана Груевска – Илиевска.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

19-годишник уби 18-годишник со пиштол, заврши зад решетки
-

Метеоропатитите најмногу погодени од честите временски промени
-

Инвестиции на истокот - Мицкоски во Виница
-

Преглед на вестите од светот
-

Туристите од Германија најбројни
-

Крушево ќе добие две нови полетувалишта за параглајдери и очекува зголемување на бројот на параглајдеристи
-

„Марш на ангелите“ оваа сабота се одржа во Виница
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, Коалиција „Сите за правично судење“
