Македонија
27. May 2016 - 19:04

Повлечена аболицијата за 22 лица

Ниту еден политичар не е над законот, ниту еден политичар не е недопирлив, секој ќе одговара за своите постапки, порача претседателот Ѓорге Иванов. 22 одлуки за помилување се повлечени. Иванов согласно дополнувањата на законот за помилување овозможи спроведување на постапка. Претседателот останува на ставот дека одлуката ја донел исклучиво во интерес на државата и граќаните иако бил обвинуван дека сакал да ги заштити политичарите и да креиера селективна правда. Најсовено порача дека немал таква намера. Иванов е задоволен што за разлика од 12 април денекса во Македонија има функционални институции кои можат да се справат со предизвиците од мигрантската криза, особено по најавите за нов бран на бегалци и мигранти.

- Почитувани сограѓани, денес донесов одлука да поништам дел од одлуките, и без помилуваните лица да го побараат тоа од мене. Во осгласност со Законот за дополнување на Законот за помилување, донесов одлука за поништување на одлуките помилување – осолободување од гонење без спроведување на постапка за сите политички експонирани лица, вкупно дваесет и двајца. Сите други лица, согласно законските измени имаат можност да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување, рече Иванов.

Иваов им порача на партиските лидери дека како и досега така и во иднина е подготвен да помогне за надминување на кризата. Претседателот на државата сеуште верува дека одлуката за помилување била најдобрата можност за излез од политичката криза. Сепак,  тој е убеден дека без враѓање на меѓусебната доверба и без помирување во било која форма оваа криза ќе трае уште подолго што не е во интерес ниту за граѓаните ниту за државата.