Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка
Пожар денеска избувнал во атарот на валандовското село Јосифово. Центарот за управување со кризи информира дека гори сува трева, а поради силниот ветер и високите температури, огнот брзо се шири кон населеното место.
На терен интервенираат пожарникари од Валандово и Гевгелија. Според информациите на ЦУК, на терен се седум пожарникари со четири возила од ТППЕ Валандово и тројца пожарникари со едно возило од Гевгелија.
По барање на градоначалникот, преку бројот за итни повици 112, побарана е воздухопловна поддршка и дополнителни тимови за справување со пожарот.
- Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш испрати барање до Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Секторот за специјални задачи (СИКС) при МВР за ангажирање на хеликоптер за гаснење од воздух. Хеликоптерот на МВР веќе е во воздух и се движи кон местото на пожарот, се наведува во информацијата од ЦУК.
Ново на Сител
-
Се воведуваат нови ленти на граничниот премин Богородица за да се намалат летните гужви
-
Пресечен меѓународен канал за трговија во дрога во Струмица, запленети 100 килограми марихуана
-
Решен деценискиот проблем со водата за пиење во селото Сушица
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски - Кос
-
Процентот на реализација на процентот на реформи ќе биде понизок, но европските средства не се загрозени
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Голем пожар кај прилепско Бешиште, локализиран пожарот кај Визбегово - од утре забрана за движење во шуми