Македонија
30. јуни 2025 - 20:52

Голем пожар кај прилепско Бешиште, локализиран пожарот кај Визбегово - од утре забрана за движење во шуми

Трети ден пламените јазици кај прилепско Бешиште голтаат борова, дабова и букова шума. Ситуацијата е опасна бидејќи се слуша пукање од муниција, а властите соопштија и дека постојат сознанија за можни неоткопани гранати во реонот.  Пожарот е во близина  на границата со Грција и има два крака.

Прилепските противпожарни служби се на терен, но не можат да гаснат поради тоа што теренот е непристапен. Не може да делуваат ниту воздухоплови – поради муниција.

Во меѓувреме локализиран е пожарот што избувна на дивата депонија во Шуто Оризари. Вчера скопските пожарникари со огнот се бореле до раните утрински часови. Денеска направивме обилколка низ депонијата - наидовме на чад на повеќе точки.

Екипи го контролираат местото во случај да има повторно разгорување на некоја точка.

Во меѓувреме, од утре стапува на сила забраната за движење во шуми. Кој ќе се шета без дозвола ќе си го испразни новчаникот од 1.500 до 2.000 евра.

Забраната во мометов не важи за движење на Водно, бидејќи досега немало испратено такво барање до службите во земјоделие.