Пожар на Шар Планина, над Боговинско Езеро

Пожар избувнал денеска над Боговинско Езеро, на Шар Планина, а според надлежните пожарот не претставува опасност за шумскиот фонд.
Регионалниот центар за управување со кризи - Тетово информираше дека денеска во 11:54 часот од страна на ТППЕ – Тетово бил пријавен пожар над Боговинско Езеро, на Шар Планина.
По добиената пријава РЦУК - Тетово го известил ЈП „Национален парк Шар Планина“.
Од Националниот парк известиле дека се запознаени со пожарот и дека истиот е зафатен на пасишта на непристапен терен, на граничниот појас меѓу Македонија и Косово.
Од Националниот парк дополнително информираат дека пожарот ќе се следи, но поради непристапноста на теренот нема да се интервенира и додаваат дека според добиените информации, пожарот не претставува опасност за шумскиот фонд.
МИА
Ново на Сител
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
-

Директор во Лотарија обвинителството го прогласи за непријателски сведок
-

Јанев: Падна митот за недопирливите во Прилеп, нема повеќе криење позади униформата и врските
