Македонија
29. January 2026 - 16:36

Пратенички прашања во Парламентот – најмногу одговараше Мицкоски

Од уставни измени, преку правична застапеност и „Сејф сити“, па сè до повисоки цени на билетите за културни настани – пратениците денеска поставуваа прашања до премиерот и министрите од неговиот кабинет.

Мицкоски повтори дека додека тој е премиер нема да има уставни измени доколку не се исполнат два услови: права за Македонците во Бугарија и гаранции од ЕУ дека повеќе нема да има билатерални вета.

Мицкоски ги отфрли и коментарите од албанските опозициски политичари дека проектот „Сејф сити“ бил етнички мотивиран. Истакна дека „Безбеден град“ ќе се спроведе независно од притисоците и политичката цена, бидејќи, како што рече, проектот спасува животи.

Љутков одговараше пак, за тоа зошто се покачени билетите за културнитре настани. 

Тошковски, пак, негираше дека се прават кадровски промени во МВР кои би можеле да ѝ наштетат на полицијата. Вели дека безбедноста на граѓаните е значително подобрена, а бројките за вкупниот криминалитет се најдобри во последните 20 години.