Македонија
8. December 2017 - 16:40

Пратеници и функционери од власта протестираа пред Влада против отворањето на рудникот Казандол

 

Стоп за рудниците на смртта побараа граѓански активисти, но и владини функционери и пратеници. На протест пред Владата денеска дадоа поддршка на граѓаните од југоисточниот регион кои се противат на отворањето на рудници.  Ја повикаа Владата да го слушне гласот на народот.

Граѓаните од југоистокот на десетина рефенрдуми во претходниот период се изјаснија против изградба на рудници со цел заштита на животната средина. Тогашната опозиција, сега власт, изразуваше поддршка за референдумите и најавуваше дека тие нема да проработат. Сега се чешлаат договорите со кои е регулирана изгрдбата на рудниците.

За разлика од Скопје каде се собраа триесетина граѓани на протетсот, во Валандово се одржа масовен протестен марш. Граѓанската иницијатива Спас за Валандово уште еднаш побара запирање на сите активности околу изгрдбата на рудникот во Казандол.