Пратениците дадоа „амин“ – стратешките инвестиции во скратена постапка ќе го поминат собранискиот филтер
Пратениците кренаа рака – предлог-законите за четирите стратешки инвестиции ќе се носат во скратена постапка.
Вицепремиерот Битиќи на кратко ги образложи законите. За изградбата на когенеративната централа во скопска Железара – Битиќи уверува дека ќе помогнела со аерозагадувањето.
Откако мнозинството изгласа, опозицијата бараше точката за централата која треба да ја гради грчки Митилинеос да биде повлечена. Пратеникот Ристевски се повика на писмото кое сите пратеници го добија од енергетските експерти и рече дека договорот е штетен. Но не доби поддршка од пратениците од власта.
Енергетските експерти имаа најголеми забелешки за централата на Митилинеос. Според нив, грчкиот инвеститор ќе се богати на штета на државата.
Освен оваа централата во Железара, со другите закони се регулира изградба на нови централи во Штип, Свети Николе и Пехчево. Сите компании добиваат поволности кои домашните бизнисмени тешко можат да ги уживаат.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
