Пред 78 години беше употребена првата атомска бомба врз Хирошима
Јапонија денеска ја одбележа 78-годишнината од американското атомско бомбардирање на Хирошима, при што градоначалникот повика на укинување на нуклеарното оружје и ја нарече идејата на лидерите на Г7 за нуклеарно заплашување „лудост“.
Во осум часот и 15 минути, заѕвони мировното ѕвоно, во исто време кога беше фрлена и бомбата. Околу 50.000 учесници на церемонијата, вклучително и преживеаните, одадоа почит на жртвите со едноминутен молк.
– Лидерите ширум светот мора да се соочат со реалноста, дека нуклеарните закани за кои сега се залагаат одредени законодавци ја откриваат глупоста на теоријата за нуклеарно заплашување, истакна градоначалникот на Хирошима, Казуми Мацуи.
Додека јапонскиот премиер Фумио Кишида посочи дека патот кон свет без нуклеарно оружје станува сè пострмен, делумно поради руските нуклеарни закани, но оти поважно да се врати меѓународната волја за постигнување на таа цел.
– Светските лидери го посетија овој град, ги видоа неговите споменици, разговараа со неговите храбри преживеани жители, а потоа се охрабрија да се залагаат за нуклеарно разоружување. Тоа треба да го сторат повеќе, бидејќи тапаните на нуклеарната војна повторно чукаат, посочи генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.
Бомбата фрлена врз Хирошима на 6 август, наречена Мало момче (Little boy), веднаш уби 80.000 луѓе, а до крајот на годината уште околу 70.000. Бомбата со име Дебел човек (Fat man) беше фрлена во Нагасаки на 9 август, при што веднаш загинаа 22.000 луѓе, а уште 39.000 починаа од последици од радијацијата. Јапонија се предаде на 15 август 1945 година.
Ново на Сител
-
Пет месеци од трагедијата во Кочани, 18-ти по ред „Марш на ангелите“
-
Тема на денот со Тони Менкиноски
-
Пратениците од ДУИ гласаа против измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Средбата Трамп-Путин заврши без договор за прекин на руско-украинската војна
-
Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур