-->
-->
Предложен притвор за семејно насилство во Битола
-->

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, како што соопшти денеска Обвинителството, на 10 ноември во неговиот дом, телесно ја повредил неговата девојка. По расправија започнал да ја дави и со тупаници и шлаканици ја удирал по главата и телото.
Јавниот обвинител до Судот доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, особено имајќи го предвид фактот дека тој, откако дознал дека е пријавен, избегал од полициска станица.
Ова, според јавниот обвинител, укажува на неговата решеност да го избегне кривичниот прогон, што претставува ризик за непречено водење на постапката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Скопје слави 82 години од ослободувањето
-

Во месецот посветен на машкото здравје бесплатно тестирање на рак за простата во ЗД „Железничар“
-

Преглед на вестите од светот
-

Почнува дебатата за буџетот
-

Мицкоски: СДСМ работи на штета на Алта банка Битола
-

СДСМ: Савески да постапи за Алта банка
-

И во месец ноември Охрид има посетители
-

Климатските промени го менуваат земјоделството
