Македонија
15. May 2026 - 14:41

Прегазена 92-годишна жена во Скопје

На 13.05.2026 во 11:50 часот во СВР Скопје e пријавено дека на ул.„Багдадска“ во Скопје, товарно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К.(60) од с.Волково, скопско, удрило во 92-годишната М.К. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.