Loading Video...
Свет
13. February 2026 - 12:29

Преглед на вестите од светот

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан на платформата Икс објави дека земјите членки на Европска Унија ги поставуваат условите за членство, а не земјите кандидати. Тој реагира на објавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој напиша „важно е Украина се да направи за технички да биде подготвена за пристапување во ЕУ до 2027. Барем главните чекори ќе ги исполниме. Украина сака точен датум, бидејќи ако нема, таа ситуацијата ќе ја искористи Русија“.

Унгарскиот премиер во друга објава на Икс истакна дека членството на Украина во ЕУ ќе и донесе војна на Европа. Тој додаде дека „Унгарија нема да финансира, вооружува или легитимира закана за сопствената безбедност“.
Орбан уште еднаш нагласи дека заканите на Киев кон Будимпешта јасно покажуваат дека европската идеја за изградба и вооружување на моќна украинска армија со европски пари е спротивна на безбедносните интереси на Унгарија.

Според него, лидерите на ЕУ обично водат дискусии на различни теми, а на крајот сè се сведува на Украина и парите што треба да се испратат во Украина.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по завршувањето на состанокот на министрите за одбрана во Брисел, изјави дека земјите членки на НАТО постигнаа напредок во вложувањето во одбраната, неопходна за зачувување на безбедноста. Тој наведе дека на состанокот се разгледувал напредокот на сојузниците во спроведување на одлуките од Самитот во јуни во Хаг во 2025 година за зголемување на расходите за одбрана на пет проценти од бруто домашниот производ.

Руте посочи дека состанокот бил фокусиран на зајакнување на одвраќањето и обезбедување континуирана поддршка за Украина, на кои ѝ е потребна поголема поддршка. Воедно потенцираше дека САД се целосно посветени на НАТО.
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху изјави дека се надева дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе создаде услови за постигнување договор со Иран и ќе го одврати Техеран од воени акции. Тој наведе делка евентуалниот договор треба да вклучува елементи, кои се многу важни за Израел – стопирање на иранската нуклеарна програма, ограничување на балистичките ракети и запирање на иранската поддршка за Хамас, Хезболах и Хутите.
Нетанјахусредата во Вашингтон имаше средба со Трамп. Тоа беше седма нивна средба во вториот мандат на Трамп. Состанокот уследи по разговорите помеѓу САД и Иран, што се одржаа на 6 февруари во Оман.