Преглед на вестите од светот
Утрово иранскиот главен град Техеран, беше погоден на повеќе локации од воздушни напади. Најмалку седум болници и станици за итни случаи Техеран, беа погодени од напади на САД и Израел, предизвикувајќи штета и жртви. Во раните утрински часови во вторник, беа пријавени експлозии во близина на седиштето на иранската државна телевизија, а од областа се издигаше густ чад. Програмата не беше прекината. Инаку од сателистски снимки се забележуваат оштетувања на нуклеарниот објект во Натанз.
Шефот за безбедност на Иран, Али Лариџани, изјави дека Иран „се подготвил за долга војна“. Неговите коментари дојдоа откако нападите врз земјата, иницирани од Израел и САД, влегоа во третиот ден.
Густ чад ги покри јужните предградија на Бејрут, а силни експлозии се слушнаа утрово, додека Израел ги засили воздушните напади врз либанскиот главен град, таргетирајќи ги областите контролирани од Хезболах, во услови на зголемени регионални тензии.
Нов фронт во војната на САД и Израел против Иран се отвори во понеделник кога либанската милиција Хезболах, еден од главните сојузници на Техеран на Блискиот Исток, лансираше ракети и беспилотни летала кон Израел.
Израелската војска потврди рано во вторник дека спроведува операции против командните центри на Хезболах и складиштата за оружје во областа.Рано утрово сирените за воздушен напад беа вклучени низ северен, централен и јужен Израел. Израелската војска потврди дека открила лансирање на ракети од Иран и активно ги пресретнува проектилите. Улиците во центарот на Ерусалим станаа значително мирни, дека повеќето продавници се затворени. И покрај напнатата атмосфера, супермаркетите одржуваа нивоа на залихи слични на вообичаеното, додека купувачите правеа дополнителни купувања во услови на неизвесност.
Слушнав дека луѓето велат дека ќе имаме бесконечна војна. Нема да имате бесконечна војна. Реков дека може да биде брзо и одлучувачко. Можеби ќе потрае некое време, но нема да потрае со години.Не е бесконечна војна. Всушност тоа е напор токму сега да постигне мирот за кој сите копнееме и се молиме. Мислам дека заедно ќе го постигнеме тоа.
Намален тек на сообраќајот имаше на улиците во близина на Дипломатскиот кварт во Ријад денеска откако два дрона ја погодија амбасадата на САД предизвикувајќи помала штета и предизвикувајќи пожар, соопшти Министерството за одбрана на Саудиска Арабија.
Воздушниот простор на Блискиот исток остана празен со почетокот на војната. Податоците за следење летови покажаа отсуство на цивилни авиони. Конфликтот, кој бележи зголемување на воздушните напади и активноста на беспилотни летала, предизвика зголемени безбедносни загрижености кај меѓународните авиокомпании. Главните центри во Заливот, вклучувајќи го и најпрометниот меѓународен аеродром во светот Дубаи, кој обично опслужува над 1.000 летови дневно, останаа затворени четврти ден по ред поради конфликтот. Тоа остави десетици илјади патници блокирани.
Стотици демонстранти се собраа во Сан Франциско во понеделник за да ја осудат ескалацијата на американско-израелската воена кампања против Иран. Митингот се одржа во време кога конфликтот се прошири низ Блискиот Исток, а Вашингтон предупреди дека операцијата може да трае со недели.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
