Преглед на вестите од светот
Експлозии се случија во североисточниот дел на иранската престолнина Техеран рано наутро. Експлозиите се случија околу 04:40 часот, а силната експлозија се слушна низ неколку станбени области во регионот. Проектили беа забележани и на небото во ноќните часови над јужниот Бејрут. Либан е вовлечен подлабоко во војната што го зафати регионот откако САД и Израел го нападнаа Иран. Сирени се огласија во текот на ноќта низ градот Ерусалим, а предупредувањата беа издадени и низ Тел Авив. Не се пријавени жртви.
Иран во среда соопшти дека 1.045 луѓе се убиени во земјата од саботата до вчера како резултат на американско-израелските напади. Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска на „Х“ објави дека Иран го почитува суверенитетот на соседните земји, но дека бил принуден да се брани на овој начин, напаѓајќи американски воени објекти во земјите од Персискиот Залив. Тој нагласи дека Иран се обидел да избегне војна, но на крајот бил принуден да се брани.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските сили се во многу силна позиција во Иран, објавија светските агенции. Тој рече дека е постигнат голем напредок по помалку од една недела војна. Изјавата ја даде за време на состанокот со раководителите на технолошките компании што се одржа во Белата куќа. Белата куќа соопшти дека испраќањето американски трупи на иранска територија моментално не е дел од планот за тековната воена операција. Изјавата доаѓа откако претседателот на Здружениот штаб, генерал Ден Кејн, претходно изјави дека САД ќе почнат да спроведуваат напади „сè подлабоко и подлабоко на иранска територија“.
„Мислам дека тоа е нешто што претседателот активно го разгледува и дискутира со своите советници и неговиот тим за национална безбедност. Но, повторно, во моментов, фокусот минута по минута, час по час, ден по ден, е на обезбедување брз и ефикасен успех на операцијата „Епски бес“.“ ливит
Во исто време, американскиот министер за одбрана Пит Хегсет предупреди дека воените операции против Иран се уште се во рана фаза.
Рускиот претседател Владимир Путин посочи дека Русија би можела веднаш да престане да ги снабдува европските пазари со гас и да се сврти кон поперспективни пазари.
Ќе продолжиме да работиме на овој начин со оние партнери кои самите се сигурни колеги, на пример, во Источна Европа, Словачка и Унгарија. Ние ги снабдуваме со нашите енергетски ресурси, и нафта и гас, и имаме намера да продолжиме да го правиме тоа и во иднина, под услов нивните влади да продолжат со истата политика како и денес, останувајќи сигурни партнери за нас.“
Европската комисија ќе поднесе законски предлог на 15 април за трајна забрана за увоз на руска нафта, три дена по парламентарните избори во Унгарија, изјавија претставници на ЕУ во документ.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
