Преглед на вестите од светот
Сенатот на САД , каде републиканците имаат мнозинство му даде зелено светло на Трамп за војната во Иран. Ја отфли резолуцијата, предложена од демократскиот сенатор Тим Кејн и републиканскиот сенатор Ранд Пол, која имаше за цел да го принуди Трамп да побара одобрение од Конгресот за продолжување на операцијата Епски бес.
- Зошто ја турка Америка директно во војна што Американкците не ја сакаат и што тој дури и не може да ја објасни? Доста е! изјави Чак Шумер, лидерот на демократите во Сенатот.
- Со години, 47 години, тие ги убиваат наашите луѓе и убиваат луѓе од целиот свет. Многу добро се справуваме на воениот фронт, благо речено. Би рекол така, многумина рекоа на скала од десет, каде би го оцениле? Реков околу 15, и ќе продолжиме да се справуваме добро. Тие ги напаѓаат своите соседи. Тие напаѓаат, во некои случаи се сојузници или не толку одамна сојузници. И, знаете, тоа е навистина нација која беше надвор од контрола и тие ќе го искористеа тоа врз нас ако им дозволиме, ако чекавме подолго, изјави Доналд Трамп, претседател на САД
САД и Израел продолжуваат со воздушните напади врз Иран. Удаите се насочени кон елиминирање на иранската воена инфраструктура, вклучувајќи ги ракетните системи и нуклеарните капацитети. Не мирува ниту ИРан. Пријавени со нови напади врз американски цели во Катар и Бахреин, а американски танкер е оштетен во северниот дел на Заливот. Иран вели дека го погодил бродот. Азербејџан пак извести дека бил нападат од два ирански дрона, иранците негираат. И Тел Авив е погоден од нов бран ракенти напади во рамки на иранската одмзда .
- Ова не е војна само против Иран. Ова е војна против иднината на целиот регион. Тие само сакаат да создадат поделба меѓу соседите. Тие го започнаа овој напад на 10-тиот ден од светиот месец Рамазан. Рамазан е месец на мир за муслиманите и тие се обидуваат да ги турнат земјите од регионот против друга муслиманска земја за да создадат трајна поделба.“
Израел продолжи и со бомбаридрања врз цели на Хезболах во Либан. Групата го возвраќа ударот.
Нашиот избор е да им се спротивставиме до највисок степен на саможртва. Ние нема да се предадеме; ние ќе се браниме со нашите способности и нашата вера, без оглед на жртвите, изјави Наид Касим лидер на Хезболах,
Генералниот секретар на НАТО во интевјутото за Ројтерс ја потврди поддршката на сојузниците за американската воена кампања против Иран, истовремено отфрлајќи ја потребата од активирање на Членот 5 по соборувањето на иранска ракета над Турција вчера.
„Колку е голем ризикот инцидент како овој да го вовлече сето тоа во конфликт што Иран или еден од неговите посредници ќе го нападне, сојузник во НАТО, што сојузник ќе го повика Член 5 и НАТО одеднаш ќе биде во војна со Иран.“
„Па, Член 5, мислам, не е наредба тука и никој не зборува за Член 5. И најважно е што нашите подружници вчера видоа дека НАТО е толку силен и толку буден, па дури и побуден, ако е можно, од саботата поради ситуацијата, се разбира, на Блискиот Исток. Значи, тие гледаат и знаат и чувствуваат дека нашата војска е во врска со ова.“
Во мегувреме Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи порача дека САД горчливо ќе зажалат откако американска подморница потопи ирански воен брод покрај брегот на Шри Ланка. екипажот на иранскиот брод, броел околу 180 лица а Според официјални податоци од Шри Ланка Спасени се 32 морнари.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
