Преглед на вестите од светот
Сирени се вклучија рано утрово во Кувајт откако Иран лансираше бран ракети, додека војната меѓу САД и Израел со Иран влезе во својот седми ден.
Иран лансираше ракети кон Израел во текот на вечрените часови принудувајќи ги Израелците да бараат спас во засолништата, додека израелскиот одбранбен систем продолжи со пресретнувањата на проектилите. Од страна на проектилите има штети, но нема пријавено жртви.
Бројката на загинати во Иран изнасува над 1.000, додека интензивирањето на непријателствата низ Блискиот Исток доведе до значителни движења на населението, принудувајќи повеќе од 330.000 луѓе да бидат присилно раселени, претежно во рамките на нивните земји, соопшти агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР).
Израел ја донесе одлуката да го убие врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, во ноември изјави министерот за одбрана Израел Кац. Хамнеи беше убиен во првите часови од воздушната кампања на САД и Израел
„Веќе бевме во ноември кога седнавме со премиерот на многу мал форум, и премиерот постави цел да го елиминира режимот на Хамнеи во ноември. Во ноември.“
Планот на крајот беше споделен со Вашингтон и донесен околу јануари по избувнувањето на протестите во Иран.
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет на вчерашната прес-конференција изјави дека САД имаат јасна воена предност во војната против Иран и се подготвени за продолжена кампања
„Иран се надева дека не можеме да го издржиме ова, што е навистина лоша грешка за ИРГК и Иран.“
И НАТО и ЕУ имаат механизми што им овозможуваат на членовите да одлучат дали треба да побараат помош, изјави Каја кАЛАС. Досега тоа не беше случај, додаде таа.
Иран е извозник на војна и навистина, во моментов, режимот се обидува да бара и да вовлече што е можно повеќе земји во оваа војна. Но, Иран се бори сам и неговите воени капацитети не се неограничени. Никој не знае што носи иднината за Иран. Обично, режимите се распаѓаат одвнатре, а не однадвор. И Иран е значително ослабен, и постои шанса иранскиот народ сам да ја одреди својата иднина.“ КАЛАС
Американскиот претседател Доналд Трамп ја отпушти министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем и изјави дека ќе го номинира сенаторот од Оклахома, Маркван Малин, за нејзина замена. Трамп ја објави својата одлука на социјалните мрежи само два дена откако Ноем беше изложена на тешки прашања за време на сослушувањето во американскиот Конгрес од страна на членови и на Републиканската и на Демократската партија. Ноем е првиот член на сегашниот кабинет што ја напушта функцијата за време на вториот мандат на Трамп.
Инаку Трамп имаше средба и со фудбалската ѕвезда Лионел Меси во Овалната соба, откако неговиот тим Интер Мајами го освои МЛС купот. Клубот му подари на Трамп клупски дрес и трофеј во форма на топка.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
