Преглед на вестите од светот
Екипажот на „Артемис II“ го сруши рекордот за најдалечното човечко патување од Земјата, надминувајќи го претходниот рекорд поставен од мисијата Аполо 13 во 1970 година. Тие додаваат дека „Артемис II“ ќе достигне максимално растојание од околу 406.700 километри, надминувајќи го рекордот за околу 6.600 километри. Еден од астронаутите на Артемис II рече дека екипажот ќе продолжи да патува уште подалеку во вселената пред гравитацијата на Земјата повторно да ги повлече назад.
Белата куќа потврди дека медијаторите предложиле 45-дневен прекин на огнот во Иран, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп не ја потврдил идејата. Според американското издание „Аксиос“, пакистанските, египетските и турските медијатори предложиле 45-дневен прекин на огнот. Трамп му дал на Иран ултиматум до вечерва и рекол дека ако не се исполни, инфраструктурата во земјата ќе биде погодена.
Иран го достави својот одговор на предлогот на САД за прекин на војната преку Пакистан, во кој го отфрли предложеното привремено примирје од медијаторите и ја нагласи потребата од трајно прекинување на непријателствата. Одговорот на Иран се состои од десет точки, вклучувајќи прекин на конфликтите во регионот, протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, укинување на санкциите и реконструкција.
Претходно, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Бегаи, изјави
-
Нашата цел е да ги заштитиме националните интереси и безбедноста, како и легитимните барања на иранскиот народ. Иран одамна ги знае своите барања и црвени линии, а сега нашата позиција е многу јасна.
Иран ги формулирал своите позиции и барања како одговор на предлозите за прекин на огнот.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е многу разочаран од НАТО во врска со конфликтот со Иран, наведувајќи дека тековната војна оставила трага врз Алијансата „која никогаш нема да исчезне“.
-
НАТО е тигар од хартија. НАТО сме ние. И кога ни беа потребни, патем, не ни беа потребни. Очигледно, не ни беа потребни, бидејќи воопшто не помогнаа. Напротив. Всушност, се потрудија да не помогнат. Дури и не сакаа да ни дадат писти за слетување. Замислете. И не е само НАТО. Знаете кој друг не ни помогна? Јужна Кореја не ни помогна. Знаете кој друг не ни помогна? Австралија не ни помогна. Знаете кој друг не ни помогна? Јапонија.
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека му советува на Иран да направи мудар избор бидејќи американскиот претседател не се шегува.
- Според упатствата на претседателот, денес ќе има најголем број напади од првиот ден на оваа операција. Утре, дури и повеќе од денес. И тогаш Иран има избор. Изберете мудро, бидејќи овој претседател не се поигрува.“
Рокот поставен од Трамп истекува вечерва во 20 часот по американско време
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
