Преглед на вестите од светот
Соединетите американски држави и Европската унија се најголемите трговски партнери во светот. Aко царините на Трамп од 30 проценти стапат во сила на 1 август , трговијата каква што ја знаеме мегу ЕУ и САД нема да продолжи,предупреди евро комесарарот за трговија Марош Шефчовиќ.
Пред два дена Трамп се закани дека ќе воведе 30% царина за речиси целиот увоз од ЕУ на почетокот на август бидејќи не е постигнат напредок во досегашните преговори. Предупреди и дека може да следат дополнителни зголемувања на царините ако ЕУ одговори со одмазднички мерки. Шефчовиќ истакна дека ек ќе продолжи со напорите за постигнување договор со вашингтон но и дека ќе подготвува можни контрамерки доколку разговорите не успеат.
- Покажуваме огромно трпение, огромна креативност за да најдеме решенија, но ако се каже дека е 30 , или нешто над 30 проценти едноставно трговијата каква што ја знаеме нема да продолжи, со огромен негативен ефект врз двете страни на атлантикот и затоа мислам дека мора да направиме и дефинитивно ќе направам сè што можам за да го спречиме ова супер негативно сценарио, изјави еврокомесарарот за трговија Марош Шефчовиќ.
САД актуелно пресметуваат царина од 25 проценти за увезени автомобили и автоделови од ЕУ и 50 проценти за увоз на челик и алуминиум. Досега Брисел не одговори со контрамерки.
Соединетите држави Ќе и испратат на Украина системи за противвоздупна одбрана Патриот. На Украинците очајно им се потребни Патриот за да се одбранат од руските напади изјави Трамп, без да прецизира колку системи ќе испарти.
За нив тврди дека ќе плати ЕУ. Украинскиот претседател Зеленски пред неколку дена од Трамп побара 10 Патриот системи.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар