Loading Video...
Свет
19. July 2025 - 16:24

Преглед на вестите од светот

Израелските војници утрово отворија оган врз голем број палестинци кои чекаа да добијат храна од диструбитувен центар управуван од група поддржана од САД и Изарел во јужна Газа ,при што загинаа најмалку 32 лица -соопшти Агецијата за цивилна одрбана на Газа. 

Бевме опкружени од тенкови и квадрокоптери на окупаторските сили и откако бевме опколени, почнаа да пукаат по нас на случаен начин, секој може да биде убиен до нас, уморни сме, секој ден сме сведоци на смрт, ова не е прв, ова е десеттиот роднина што го губам од моето семејство, десеттиот – очевидец.

Изрелското министерство за одбрана соопшти дека  ќе ги провери тврдења.  Во Доха нова руда преговори помегу преставници од Израел и Хамас за предлогот од САД за 60 дневно примрије. Нова група заложници  во Газа наскоро ке бидат ослободени изјави американскио претседател  без да даде дополнители детали.  

Русија во текот на ноќта лансираше повеќе од 300 дронови и над 30 ракети од различен тип врз повеќе градови во Украина објавиа украинската армија. Според извшештаите на укрианската власти едно лице загинало во нападот врз Одеса, кога дрон погодил станбена зграда и предизвикал пожар. 

- Сите прозорци се искршени. Половина од мојот стан изгоре. Имаше посериозен пожар на горните катови. Шахед (дрон за напад) беше директно погоден на осмиот кат.“

- Имавме неколку минути тишина помеѓу ударите - тоа беше шанса да излеземе. Слушнавме постара жена како вреска - беше заглавена под урнатините,

Руското министерството за одбрана извести за укриански дронови насонени кон Моксва , но не  спомна жртви или штети. Русите ги интенвизираше  воздушните наапди врз Уркаина во последните недели  откако  американскиот претседател  Трамп вети  нова воена помош за Украина и санкции за Русија ако до почетокот на септември не се согласи на мировен договор за Уркаина. 

19 лица беа повредени во несреќа со огномет за време на  традицоналнаиот  панаѓур Рајнкирмес во германскиот град Диселдорф синоќа. Меѓу повредените има и едно дете. За време на огнометот ,неколку ракети  од засега непознати причини  го смениле правецот  и екслодирале   на земја, мегу насобраните. Во тек е истрага за инцидентот.   Еден од органиорите изјави дека ке размислат дали ќе ја продолжат традцијата со огномет следната година.