Loading Video...
Свет
17. September 2025 - 16:27

Преглед на вестите од светот

Израелската армија повторно ги повика Палестинците кои се уште се во градот Газа да се евакуираат што е можно побрзо во насока на југ, до беласкиот камп Ал Маваси.. Соопшти дека е отоворена втората рута за евкауција.  Според израелските пдоатоци  во градот се уште 600 000 луѓе. 

Од вчера војската на Израел значително ги прошири своите операции во градот Газа, кој го смета за последно упориште на Хамас.  

- Во согласност со директивата на политичкото раководство, ја започнавме следната фаза од главната операција. Целта на операцијата е враќање на заложниците и пораз на Хамас во Газа. Ги концентрираме офанзивните напори во Газа, кои ќе продолжат колку што е потребно според структуриран и еволуирачки план, сè додека не се постигнат воените цели, изјави  Ефи Дерфин, портпарол на израелската армија

Семејствата на заложниците стравуваат дека проширувањето на операцијата ги става заложниците во опасност и го комплицира постигнувањето брз договор што може да ги врати дома.

- Ако не ја запрете војната сега и не ги вратите сите заложници, ќе бидете одговорни за смртта и исчезнувањето на сите преостанати заложници, мртви и живи. Вратете ги денес. Нема повеќе време за губење.

- Нашите деца се таму. Премиерот Нетанјаху, наместо да ги спаси нашите деца, ги бомбардира. Тој не сака преговори. 

Предупредување до Хамас стигна од Трамп.  Милитантната  група ќе биде во неволја долку им наштети на заложниците порача американскиот претседател. 

Американскиот претседател Доналд ТРамп  е во  тридневна државна посета на Обединето  Кралство на покана на кралот Чарлс  трети. . Тој е придружуван  од сопругата Меланија.  На пат кон замокот Виндзор, Трамп се возеше во  кочија со кралот. Меланија се возеше во друга кочија заедно со кралицата Камила. Во трета кочија беа принцот Вилијам и принцезата Кејт. Почесна гарда го дочека гостинот   пред портите на замокот најголемата таква гарда некогаш распоредена за една државна посета. Трамп ја поздрави поечсната гарда додека   одекнуваа химните на двете држави.

Покрај средбата со кралското семејство, предвидено е Доналд Трамп да се сретне и со британскиот премиер Кир Стармер во неговата резиденција Чекерс. Разговорите се очекува да се фокусираат на трговијата, инвестициите, како и на меѓународни прашања како војната во Украина и ситуацијата во Газа. Посетата се случува во време на тензии околу трговијата и безбедноста.

Ова е втора државна посета на Трамп, што претставува настан без преседан. американските претседатели со втор мандат обично не се поканети на државна посета. Наместо тоа, традиционално им се нуди чај или ручек со монархот, како што беше случајот со Џорџ Буш и Барак Обама.