Македонија
2. November 2022 - 16:36

Преку стратегија Владата ќе се бори младите да останат во државата

Младите наместо потенцијалот да го искористат во Македонија, среќата си ја бараат надвор од државата- вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, загрижена за се поголемото иселување на младите.

Вели бројките постојано се зголемуваат, па затоа како Влада постојано изнаоѓат начини да ги задржат во земјава. Клучно на што ќе се посветат ќе биде да ја вратат довербата на младите во институциите.

За да се осврнат на приоритетите на младите со цел да останат во Македонија, од Агенцијата за млади и спорт во соработка со повеќе организаци креираат стратегија за млади која очекуваат да биде готова до крајов на годинава.

Дополнително бараат од општините да има повеќе вклученост на младите во активностите.

Од УНДП велат дека ќе ја поддржат Стратегијата за млади со цел да им се даде шанса на нивните идеи и да се охрабрат да бидат поинклузивни во општеството.