Македонија
1. March 2022 - 19:44
Препорачан кандидатски статус за Украина
Европскиот парламент предложи Украина да добие кандидатски статус за членство во ЕУ. Зад одлуката застаа 637 европратеници. Зеленото светло за евроинтеграција следи по неполни 24 часа откако украинскиот претседател испрати официјално барање Украина да се приклучи кон европската унија.
На денешната вондредна седница, Европскиот парламент му порача на Путин да ја запре војната, да ги повлече трупите од Украина и да се најде решение за спорот по мирен пат.
Европратениците со резолуција ја осудија руската агресија врз Украина, а побараа и зајакнувње на санкциите против Москва.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
