Претходница на германските експерти беше во тетовската болница - истрагата за несреќата е во тек
Претставници на германската амбасада во земјава го подготвуваат теренот за експертите кои треба да истражат како настанал пожарот во тетовската модуларна болница. Денеска тимот ја направи првата обиколка на опожарениот објект. Од владата појаснуваат дека на терен била претходница за подготвителни извидувања пред да пристигнат стручните лица од федералната криминалистика.
Првиот човек на државното обвинителство, Љубомир Јовески, за Сител рече дека групата експерти од Германија се очекувало да пристигне за неколку денови.
Во меѓувреме, од обвинителството велат дека се води детална истрага за причините за пожарот. Очекувале резултати од вештачењата, повикувале на распит лица кои се нашле на местото на трагедијата, вработени во болницата. Се анализарле и видео снимки од безбедносните камери на модуларната и околните објекти.
Навивачката група „Балисти“, денеска со мирен марш по тетовските улици кој заврши пред осатоците од монтажната болница, им оддаде почит на 14мината сограѓани кои живи изгореа во ковид центарот.
Опожарениот објект е се уште под силно полициско обезбедување.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
